Нема производи во вашата кошничка.

Користење и заштита на керамички садови за готвење

Пред првата употреба

  • Пред првпат да ја користите, измијте ја тавата со млака вода и со сјај за миење садови за да ја отстраните прашината.
  • Исушете ја и избришете ја со хартиена салветка.
  • Правете го ова повремено за да ја зачувате тавата во одлична состојба.
  • 1

    Подесување на температурата

    • NПодесувањето на температурата е многу важно. Се препорачува да се готви на средна температура. CERAMICA® обвивката во комбинација со алумниумската основа овозможува професионално спроведување на топлината, со што некои продукти кои се богати со протеини се готват побрзо.
    • CERAMICA® обвивката е отпорна на високи температури (450°C), па затоа, не може да се оштети (но, и покрај ова, најдобро е да не се прегрејуваат кога ке празниз). Никогаш не оставајте ги тавите на оган без надзор.
    • Внимавајте ринглата која ја користите да одговара на големината на тавата, односно, да не биде поголема од тавата.
  • 2

    Прибор за готвење и видови на масла

    • Никогаш не користете метален прибор на нелепливи површини. Препорачливо е користење на пластичен, гумен или дрвен прибор со цел да се продолжи периодот на траење на тавите.
    • икогаш не ја сечете храната додека е во тавата.
    • Препорачуваме да користите масло за јадење или путер. Користете масла кои не загоруваат лесно, како рафинирано маслиново масло, масло од кикирики и путер.
  • 3

    Миење

    • Оставете ја тавата да се излади а потоа темелно исчистете ја по секоја употреба.
    • Тавите со CERAMICA® се лесни за рачно миењеs со обични сунѓери и без користење на абразивни средства. Доколку ги миете во машина за миење садови, користете полесни средства кои нема да влијаат на нелепливоста на садовите.
    • Доколку изгорат, некои помасни продукти (колбаси, сланина и др.) можат да направат мала дамка. За да ги отстраните таквите дамки, оставете ја тавата да стои во жешка вода со детергент за садови и потоа нежно истријте ја дамката со мек сунѓер. Во случај дамките да останат, загрејте малку бел оцет во тавата и потоа исплакнете. Ваквите дамки не влијаат на карактеристиките на садовите.
  • 4

    Чување

    • Со цел производот да трае подолго, ракувајте внимателно со него истовремено внимавајќи да не се изгреба површината.
    • Секогаш поставувајте ја тавата внимателно и не дозволувајте други метални тави со остри рабови да стојат врз тавите.
    • Мали гребнатинки или промена на бојата се нормални со текот на времето и тие нема да влијаат на карактеристиките на обвивката.