Нема производи во вашата кошничка.

Општи прашања

П: Како да ве контактираме?

  • Е-маил: Нашиот тим ги очекува вашите прашања. На истите одговараме според истиот редослед по кој сме ги добиле. Се трудиме да одговараме што е можно побрзо. Пишете ни!

    Можеме да ви дадеме одговор на сите ваши прашања поврзани со производите, брендовите и др. на е-маил.
  • Телефон: Секогаш можете да не побарате и ние ќе ви помогнеме со сите ваши прашања и забелешки. Нарачувањето, исто така, е лесно преку телефон, затоа не се двоумете се да ни се јавите. Нашиот телефонски број е: 02/3094-556.

    На телефон можете да добиете одговор за вашата нарачка или испораката. Нарачувањето, исто така е многу лесно.

П: Кои би биле предностите доколку креирам корисничка сметка на вашата страница?

Еве дел од нив:

  • Процесот на купување е побрз бидејќи не треба да ги пополнувате истите полиња при секое купување.
  • Можете да обележувате производи кои ви се допаѓаат како Омилени.
  • Можете да ги погледнете сите ваши претходни нарачки.
  • Можете да изберете дали сакате да добивате е-маил пораки од нас.
  • Можете да побарате да ви доставиме каталог на домашна адреса и многу, многу повеќе.

П: Како да знам дека купувањето кај вас е безбедно?

Купувањето кај нас е 100% безбедно поради тоа што нарачаните производи ги плаќате при приемот, на доставувачот или во локалната пошта. Не ви е потребна кредитна картичка за да направите нарачка.

Кликнете тука за да прочитате повеќе: Гаранција за безбедно купување.

П: Како да напишам рецензија за некој производ?

Многу лесно! Под секој производ има копче „Напиши рецензија“ каде ќе можете да го напишете вашиот коментар.

  • На секој производ, во горниот дел на страницата, пишува �XX коментари�; Кликнете и ќе можете да ги прочитате истите.
  • Откако ќе го напишете вашиот коментар, потребни се до 48 часа за да се појави на страницата.

Можете да оставите коментар само доколку сте најавени. Доколку немате корисничка сметка, кликнете тука за да креирате.

Ве молиме прочитајте ги Заштита на личните податоци за да дознаете повеќе.

П: Како да ја најдам вашата Фејсбук страница?

Нашата Фејсбук страница можете да ја најдете овде. Кога сте веќе таму, кликнете „Ми се допаѓа“. Ви благодариме!

П: Како да се пријавам за добивање е-магазин?

Внесете ја вашата е-маил адреса тука. Ви благодариме!

П: Како да се одјавам од добивање е-магазин?

Доколку не сакате да добивате пораки од нас (понуди, статии и др.) ве молиме најавете се и кликнете во делот Прилагодувања за пораки. Таму можете да изберете дали сакате да добивате пораки од нас.

Сепак размислете уште еднаш, бидејќи штом еднаш ве отстраниме од листата, не можеме да ве вратиме повторно.

П: Како да го искористам купонот кој го добив?

Користењето на купонот е лесно.

  1. Кога ќе ја направите нарачката, можете да видите дека купонот е првиот чекор пред завршувањето на истата.
  2. Кодот од купонот внесете го во полето и кликнете на копчето.
  3. Попустот од купонот ќе биде прикажан на десната страна, веднаш до цената.

Садови со керамичка облога

П: Дали треба да знам нешто повеќе за керамичката облога пред да започнам со користење на такви садови?

Пред употреба, измијте го садот со топла вода и сјај за миење садови за да ги отстраните сите трагови од прашина. Исушете и пребришете.

П: Колку висока темпратура можат да поднесат садовите со керамичка облога?

Керамичката облога е отпорна на високи температури (450�C), и затоа нема да претрпи никакви промени (сепак, не е препорачливо да ги прегревате садовите додека се празни). Никогаш не ги оставајте садовите на оган без надзор.

Внимавајте ринглата која ја користите да одговара на големината на садот.

П: Какво масло треба да користам со керамичка облога?

Ние ви препорачуваме да користите масло или путер. Користете масло или маст со висока точка на горење, како рафинирано маслиново масло, масло од кикирики, масло од пченка или путер.

П: Какви алатки да користам додека готвам на керамичка облога?

Пластични, гумени или дрвени алатки се препорачливи со цел да го продолжите траењето на садовите. Никогаш не користете метални алатки на било која нелеплива облога. Исто така, немојте да ја сечете храната додека е во садот.

П: Како да ги одржувам чисти керамичките садови за готвење?

Оставете го садот да се излади, а потоа, темелно измијте го

Керамичките садови за готвење лесно се мијат, со неинвазивни сунѓери, без агресивни производи. Доколку ги миете во машини за садови, користете неагресивни производи за да се изгубите нелепливото својство на садот.

Доколку загорат, некои масни продукти (како колбаси, сланина и др.) можат да остават мали дамки. За да ги отстраните, оставете го садот во жешка вода со сјај за садови некое време, а потоа измијте го со мек сунѓер. Доколку останат дамките, загрејте бел оцет во садот, а потоа исчистете.

П: Како да ги чувам керамичките садови за готвење?

Со цел да ги користите подолг период, користете ги внимателно, без да ја изгребете површината на садот.

Вашата тава сместете ја безбедно и внимавајте врз неа да не ставате друг метален сад со остри рабови.

Малите траги или промени на бојата кои се појавуваат со текот на времето се нормални и не влијаат на перформансите на облогата.

П: Дали керамичката облога е еколошко решение?

Керамиката е специјална облога која е базирана на нано-технологија со која се создава густ и цврст слој кој е мазен и непорозен. Керамичката облога не содржи PFTE и е базирана на технологија каде облогата се нанесува со прскање, без користење на лепило.

За разлика од повеќето нелепливи облоги, керамичката облога е органска, не содржи PFOA, и при нејзиното производство се испушта многу мала количина на CO2.

Со нејзината одлична топлинска спроводливост, керамичката облога ви овозможува поздраво готвење.

Рекламации

П: Мојот Делимано производ е оштетен, што сега?

Доколку производот сè уште има гаранција (гаранцијата ја добивате заедно со вашиот производ), ве молиме пишете ни на info@delimano.com.mk Лице одговорно за рекламации ќе ве исконтактира и ќе ве упати што понатаму.

П: Каква гаранција имаат производите?

Различни производи од Делимано имаат различен гарантен рок. При купувањето, ќе бидете информани за тоа колку трае гаранцијата, и што покрива истата.

За повеќе информации кликнете тука.

Нарачки

П: Дали можам да ја сменам или да ја откажам мојата нарачка?

Доколку сакате да ја промените или откажете вашата нарачка ве молиме пишете ни на info@delimano.com.mk. Доколку производот е веќе испратен, за жал не сме во можност да ја откажеме вашата нарачка.

П: Кој е статусот на мојата нарачка?

Со задоволство ќе ви провериме. Пишете ни на мејл или побарајте нè на телефон и веднаш ќе ве информираме.

П: Производот кој сакав да го нарачам, го нема на залиха. Што сега?

За жал, имаме достапно одредена количина од одредени производи. Во таков случај, не можеме да ви го испратиме производот. Но, со задоволство би ви понудиле сличен производ.

Секако, ова не важи доколку производот кој сакате да го нарачате, го добиеме наскоро.

Ќе бидете известени за промените во статусот на вашата нарачка преку е-маил или телефон.

Испорака на производи

П: Колку чини испораката?

Цената за испорака зависи од тежината на пакетот како и градот до кој го испраќаме. Точната сума ќе ви ја каже нашиот агент при телефонската потврда на нарачката.

П: За колку дена ќе ја добијам мојата нарачка?

По секоја ваша нарачка, ќе добиете повик од наш агент за финална потврда на нарачката.

Производите кои ги имаме на залиха ќе ви бидат испорачани за 7-10 дена. За сите останати, ќе бидете дополнително информирани.

Доколку по вашата нарачка, не добиете повик од наш агент, ве молиме пишете ни на info@delimano.com.mk за да провериме.

П: Дали морам лично да ја примам пратката?

Доколку за пратката плаќате во готово при прием, морате лично да ја примите и да се потпишете.

П: Дали вршите испорака надвор од државата?

За жал, не сме во можност да ви испорачаме производ надвор од границите на Р. Македонија.

Враќање на производи

П: Сакам да го вратам нарачаниот производ, што да правам?

Имате право да го замените производот што има соодветен квалитет во рок од 15 дена, доколку тој не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини. Замената се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметко потврдата.

П: Колку време треба да помине за да ги добијам парите назад?

Откако ќе ни го испратите нарачаниот производ, прво, истиот треба да пристигне кај нас, по што вие ќе бидете контактирани телефонски и ќе се договорите за начинот на враќање на парите.

Информации за плаќање

П: Начини на плаќање?

Во моментот можете да плаќате на следните начини:

  • Плаќање во готово при прием
  • Плаќање со картичка
  • Плаќање на рати со кредитна картичка

П: Како функционира плаќањето при прием?

Плаќањето при прием е најбезбедниот и најлесниот начин на плаќање. Едноставно, сумата ја плаќате во пошта или на вашиот доставувач при прием на вашата пратка.

Технологија

П: Што се колачиња и дали треба да ги дозволам колачињата во мојот пребарувач?

Колачињата се мали датотеки кои привремено се складираат на вашиот диск, овозможувајќи и на нашата интернет страна да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите интернет страницата на Делимано. Колачињата се користат исклучиво за да соберат информации кои и се потребни на нашата интернет страница.

За повеќе информации, прочитајте ги Правилата за корисниците.

П: Кога правев нарачка, ми се појави порака со грешка. Што се случи и како да постапам понатаму?

Проверете дали ги имате внесено сите информации потребни за комплетирање на нарачката. Полињата каде има грешка или се празни се обележани со црвен круг.

Local version of image needed

Доколку повторно се појави грешка, ве молиме затворете ја страницата и отворете ја повторно. Доколку и ова не помогне, пишете ни за да го разгледаме проблемот и заедно да го надминеме.

Вашите информации

П: Ја променив мојата е-маил адреса. Како да ја внесам новата?

Најавете се на вашата корисничка сметка и во делот Прилагодувања за пораки, можете да ја внесете вашата нова е-маил адреса.

П: Како да ја променам мојата лозинка?

Најавете се на вашата корисничка сметка и кликнете на делот Информации за корисничка сметка. Таму можете да промените вашата лозинка.

П: Повеќе не ми е потребна корисничка сметка. Како да ја избришам?

Доколку сакате да ја избришеме вашата корисничка сметка, пишете ни на info@delimano.com.mk