Браунис со чоколадо и путер од кикирики
Време на подготовка:
до 45 минути
Вкупно време:
до 45 минути
- Состојки:
-
- 550 грама шеќер
- 6 јајца
- 370 грама темно чоколадо
- 225 грама путер
- 200 грама путер од кикирики
- 170 грама брашно
- 4 пакетчиња M&M бонбони со кикирики
- Подготовка:
-
Ова не е прв пат да подготвуваме Браунис во Мои Рецепти, но од време на време сакаме да се потсетиме на некои од рецептите и да се обидеме да ги подобриме и измениме. Овде декорираме со шарени бонбони од чоколадо и путер од кикирики.
Чекор 1: Земете големо тенџере и во него ставете вода да врие. Врз тенџерето ставете длабок сад и стопете ги заедно чоколадото и путерот на пареа. Откако ќе добиете хомогена смеса додадете една супена лажица путер од кикирики и оставете го да се растопи.
Чекор 2: Во друг длабок сад со миксер на најголема брзина измешајте ги шеќерот и јајцата додека да станат кремасти и пенливи. Потоа додадете ја изладената мешавина од чоколадо и путер и убаво измешајте. На крај, додајте го и брашното и измешајте го рамномерно, со благи движења.
Чекор 3: ¾ од мешавината истураме во Ростер тавата од Делимано и потоа со лажица додаваме од путерот од кикирики насекаде низ тавата. Покријте со остатокот од мешавината од чоколадо и лесно промешајте за да добиете мермер ефект.
Чекор 4: Печете во рерна на 160 степени 30 минути. Десертот ќе биде малку мек во средината и кога ќе биде готов, но откако малку ќе се олади ќе можете убаво да го сечете и јадете.
За декорација исечкавме ½ од M&M бонбоните и ги ставивме одозгора додека нашиот Браунис е сеуште топол. Оставете го малку да се олади, па потоа сечете и УЖИВАЈТЕ!
СОВЕТ: Овој рецепт треба да има предупредување за здравјето. Сѐ што можеме да кажеме е ЈАДЕТЕ СО ОСЕТ!
Прочитај повеќе