Чорба со пченка и сланина
Време на подготовка:
до 45 минути
Вкупно време:
до 45 минути
- Состојки:
-
- 4 помали компири
- 300 грама сланина
- 300 грама пченка од конзерва
- 1 голема главица црвен кромид
- 2 до 3 чешниња лук
- пилешка супа од коцка за преливање
- еден грст магдонос
- 5 лажици млеко (по избор)
- сол и бибер
- маслиново масло
- Подготовка:
-
Не сме сигурни од каде точно потекнува овој рецепт, но го пробавме во повеќе наврати на нашите патувања низ Европа, а уживавме во можеби најубавата верзија во Холандија. Ова е густа чорба направена од вкусен зеленчук на која и даваме сладок и месест вкус со додавање на пченка и сланина како главни состојки.
Чекор 1: За овој рецепт не е потребна посебна подготовка, но сепак исечкајте ги разните состојки – компирите, лукот, кромидот и сланината. Оставете малку сланина и пченка на страна за преливот на крајот, а сите други состојки ставете ги во садот за експрес готвење и покријте го со капакот. Регулаторот ставете го на 1.
Чекор 2: Огнот вклучете го на најсилно и почекајте додека да се подигне црвениот индикатор и да се појави пареа. Потоа намалете го огнот на единица или на двојка и гответе го јадењето само 15 минути.
Чекор 3: Во меѓувреме, во мала тава испржете ги исечканата сланина и пченката додека да станат крцкави и заруменат. Нив ќе ги ставиме одозгора врз чорбата на крајот.
Чекор 4: Ослободете го притисокот од садот за експрес готвење и извадете го капакот за да го сервирате јадењето.
Ако сакате да додадете малку млеко и да ја изблендирате чорбата – слободно сторете го тоа во оваа фаза од подготовката. Ние одлучивме чорбата да ја оставиме со парченца од состојките.
За да ја сервирајте, сипете неколку црпалки во чинија и одозгора прелијте ја чорбата со слатките сокови и крцкавите заруменети парченца сланина и пченка. Малку исечкан магдонос ќе му даде свежина на готовото јадење.
СОВЕТ: Пресметавме дека ова јадење може лесно да се подготви за околу 25 минути. Забележавте дека компирот и другите состојки ги ставивме свежи и по само 15 минути беа омекнати и готови за јадење. Делимано садот за експрес готвење навистина Ви заштедува време и пари.
Прочитај повеќе