Ќофтиња со сос од вино
Време на подготовка:
до 45 минути
Вкупно време:
до 45 минути
- Состојки:
-
- 800 грама мешано мелено месо
- 1 голема главица кромид
- 60 грама путер
- 250 мл. црвено вино
- 150 мл. слатка павлака
- 1 китка магдонос
- Сол и црн бибер
- Брашно за валкање
- Подготовка:
-
Чекор 1: Кромидот исечкајте го ситно и ставете го да се испржи на функцијата (Saute`) потпржување. Додајте го пржениот кромид во меленото месо, зачинете по вкус и со намастена рака формирајте мали топчиња, па убаво извалкајте ги во брашно.
Чекор 2: Вклучете го Гурмет пекачот на функцијата (Saute`) потпржување и ставете ги ќофтињата да се пржат врз растопениот путер. Ако прскаат маснотии додека се печат покријте ги со капакот.
Чекор 3: Кога ќе бидат готови, извадете ги во чинија. Во путерот во кој се пржеа додајте го виното да се загрее, па потоа и слатката павлака. Оставете малку да вари, па зачинете со сол и бибер, додајте го сечканиот магдонос и исклучете го пекачот.
Чекор 4: Ќофтињата ги сервираме со пире, а потоа ги преливаме со сосот од вино.
СОВЕТ: Ние за подготовка на овој сос одбравме црвено слатко вино, затоа што месото лесно се комбинира со благи сосови. Оние кои се согласувате со нас, може да додадете и една лажичка шеќер, за уште посладок сос!
Прочитај повеќе