Нема производи во вашата кошничка.

Колач со лимон

Време на подготовка:

повеќе од 1 час

Вкупно време:

повеќе од 1 час

Состојки:
  • 230 грама брашно
  • 3 големи јајца
  • 2 кафени лажички прашок за пециво
  • 230 грама шеќер
  • 230 грама омекнат путер
  • Изрендана кора од еден ипол лимон
  • 6 супени лажици млеко
Прочитај повеќе!
Подготовка:

Ова е прекрасен рецепт за богат и сочен колач со лимон кој е толку лесен за правење и изгледа одлично во нашиот тркалезен силиконски калап за куглоф. Слатката леплива глазура со лимон која ја сипуваме одозгора ја прави внатрешноста на колачот влажна и сунѓереста.

Чекор 1: Со миксер измешајте ги јајцата, путерот и шеќерот. Матете ги додека убаво да се спојат.

Чекор 2: Измешајте ги млекото, брашното и прашокот за пециво со дрвена лажица. И на крај во смесата изрендајте ја кората од еден ипол лимон.

Чекор 3: Земете го тркалезниот силиконски калап и намачкајте го со путер или масло, а потоа во него внимателно сипете ја смесата за колачот. И тоа е се... За неколку минути колачот ќе биде спремен ѕа печење.

Ставете го калапот во рерна загреана на температура од 160 степени 50 минути. Пред истекот на времето проверете дали колачот е печен. Ако се одлепува од ѕидовите на калапот или ако ножот излезе чист кога со него ќе го издупчите колачот – тоа значи дека е готов.

Чекор 4: Оставете го колачот да се лади кратко време и потоа превртете го калапот.

Чекор 5: Додека колачот се пече во рерна, направете ја глазурата. Исцедете 2 лимона и во сокот измешајте 100 грама шеќер во прав. Оставете го шеќерот да се растопи.

Чекор 6: Избоцкајте го колачот со вилушка и почнете да го попрскувате со глазурата одозгора – дупките ќе му помогнат на колачот да ја впие глазурата и да стане мек и сочен. Ставете го колачот во фрижидер 30 минути.

Сервирајте парче исечено од кругот. Овој колач би требало да е доволен за 8 до 10 луѓе.

СОВЕТ: За алтернативни идеи би Ви препорачале цитрусови овошја како што се зелениoт лимон, портокалoт, па дури и грејфрутот. Сигурни сме дека овој колач ќе стане омилен во Вашето семејство.

Прочитај повеќе!

Author : МоиРецепти