Нема производи во вашата кошничка.

Пастрмка на пареа со лимон и ѓумбир

Време на подготовка:

до 45 минути

Вкупно време:

до 45 минути

Состојки:
  • 2 филети од пастрмка
  • Кора од лимон
  • 1 прстофат ѓумбир
  • 2 мали праза
  • Една рака боранија
  • 2 ливчиња блитва
  • ½ голем кромид

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер, маслиново масло и вода
Прочитај повеќе
Подготовка:

Чекор 1: Време е за сечкање: исечете го празот по должина, кромидот на прстени, а од боранијата исечете ги врвовите.

Излупете го свежиот ѓумбир и ситно исечкајте го. Кората од лимон исечете ја на тенки ленти. Ова го додаваме на крај со цел да и дадеме посилен вкус на рибата.

Чекор 2: Почнете да ги ставате состојките во садот за готвење на пареа – најдолу ставете ги ливчињата блитва, потоа филетите пастрмка, зачинете и додадете малку маслиново масло. Најгоре ставете го ѓумбирот и парчињата лимон.

Ставете го остатокот од зеленчукот околу рибата и подготвени сте да започнете со готвењето на пареа.

Чекор 3: Наместете го Делимано Гурмет 8 во 1 пекачот на опција Готвење на пареа (Steam), ставете вода на дното и потоа затворете го капакот.

За многу кратко време ќе забележите како почнува да се појавува пареа и да ги готви состојките внатре во пекачот. Нема да можете ни да поверувате за колку кратко време се ќе биде готово. Нам ни беа потребни десетина минути.

СОВЕТ: Готвењето на пареа секогаш го зајакнува природниот вкус на состојките, но сепак, зачините и миризливите состојки како лукот, ѓумбирот и лимонот навлегуваат во пареата, а со тоа на целиот оброк му даваат одличен вкус. Уживајте додека ја барате идеалната комбинација на зачини.

Прочитај повеќе

Author : МоиРецепти