Нема производи во вашата кошничка.

Пилешко во Вино (Кок о Вен)

Време на подготовка:

до 45 минути

Вкупно време:

до 45 минути

Состојки:
  • 5 пилешки копани
  • 250 грама сланина
  • 10 цели печурки
  • 1 коцка за пилешка супа
  • 3 до 4 цели главици бел кромид
  • 3 моркова со средна големина
  • 5 чешниња лук
  • црвено вино за преливање
  • брашно
  • сол и бибер
  • маслиново масло
Прочитај повеќе
Подготовка:

Пилешко во Вино е класичен Француски рецепт за подготовка на пилешко во вино – традиционално тоа се приготвува во црвено вино, но има рецепти и за бело вино. Делимано Садот за експрес готвење Ви овозможува да го подготвите овој рецепт за околу еден час, а без него подготовката би траела најмалку 2 часа.

Чекор 1: Време е за сецкање: Излупете ги морковите и исечкајте ги на крупни парчиња, а потоа и чешнињата лук. Кромидот и печурките оставете ги цели за да добиете поубав изглед на состојките при презентацијата на готовото јадење. Сланината исечете ја на ленти.

Чекор 2: Извалкајте ги пилешките копани во брашно зачинето со сол и бибер, а потоа пропржете ги во маслиново масло. Тоа ќе помогне пилешкото да ги задржи соковите, а брашното ќе го згусне сосот. По неколку минути ставете ја и сланината, исто така извалкана во брашно, за состојките да добијат дополнителна боја. Ставете ги и кромидот и печурките, а потоа прелијте ги сите состојки со вино. Тоа ќе помогне да се соберат сите вкусови од состојките во тавата.

Чекор 3: Ставете ги пилешките копани на дното од садот за експрес готвење заедно со сланината, а потоа ставете го и зеленчукот. Прелијте ги состојките со уште малку вино и ставете коцка за пилешка супа. Сега сме спремни да ги готвиме под притисок!

Чекор 4: Ставете го капакот на садот за експрес готвење, регулаторот наместете го на 2, па загрејте го садот на најсилен оган. Почекајте да се подигне индикаторот и да се појави пареа, а потоа намалете го огнот на единица или на двојка и оставете го јадењето да се готви 30 минути.

Чекор 5: Внимателно ослободете ги пареата и притисокот ставајќи го регулаторот на ‘Нула’ и почекајте додека да се ослободи пареата. Потоа извадете го капакот и погледнете го прекрасното јадење во садот.

Чекор 6: Сервирајте го јадењето со креместо и меко пире од компир со путер. На крај прелијте го јадењето со сосот и одозгора ставете исечкан магдонос за декорација.

СОВЕТ: Експериментирајте и со бело наместо црвено вино, но помислете и на тоа каква сорта вино користите. Тоа ќе влијае на крајниот вкус. За вакви рецепти секогаш користете пилешко со коска бидејќи така месото нема да се исуши за време на готвењето.

Прочитај повеќе

Author : МоиРецепти