Тортички подготвени на пареа
Време на подготовка:
до 45 минути
Вкупно време:
до 45 минути
- Состојки:
-
- 2 јајца
- 140 гр. шеќер
- 100 мл. млеко
- 1 лажица ванилин шеќер
- 200 гр. брашно
- 2/3 пакетче прашок за печиво
- 4 вишни
- 1 лажица компот од вишни
- 2 прехрамбени бои (црвена и зелена)
- Силиконски или хартиени корпи за мафини
- Подготовка:
-
Чекор 1: Најпрво, со најголема брзина на миксерот, убаво изматете ги јајцата и шеќерот до кремаста структура. Потоа, намалете на најмалата брзина и постепено додадете ги млекото, ванилиниот шеќер, брашното и прашокот за печиво. Матете додека добиете рамномерна смеса.
Чекор 2: Поделете ја смесата на 2 дела, во секој од нив додадете по една прехранбена боја и убаво измешајте. Ако сакате да направите повеќе бои, поделете ја смесата на повеќе дела.
Чекор 3: Ставете ги корпите за мафини врз решетката за готвење на пареа во Гурмет 8 во 1 пекачот. Наполнете ги до 2/3 од висината со една од боите, а потоа со друга боја направете шара, бидете креативни. Во секоја корпа ставете и по една вишна во средината.
Чекор 4: Ставете една чаша вода на дното на Гурмет пекачот, поклопете го со капакот и гответе на функцијата (Steam`) Готвење на пареа, 20 минути. Проверете дали се готови со благо притискање со прст – треба да имаат сунѓереста текстура. Сервирајте веднаш!
СОВЕТ: Овие Тортички имаат навистина специфична структура, и се многу полесни за јадење во однос на печените. За посочен вкус, може да ги послужите со свежо сечкано или блендирано овошје!
Прочитај повеќе