Нема производи во вашата кошничка.

Лесни рецепти за детски оброци

Како родители, многу често се наоѓаме пред предизвикот што да зготвиме за нашите најмали, а тоа да биде здраво и вкусно. Во овој период кога повеќето работиме од дома, предизвикот е уште поголем бидејќи немаме доволно време. Секој родител мора да се снајде помеѓу работата од дома, готвењето и грижата за домот. Затоа, ние ви подготвивме неколку лесни рецепти за детски оброци кои нема да ви одземат многу време. Секако, потребен ви е револуционерниот 5во1 апарат MultiFresh™.

1.Пире од тиква

  • 1/2 тиква (нормална големина)
  • 1 шолја свежи цреши
  • 1 лажичка какао путер
  • 1 лажичка чиа семе

Исчистете ја, излупете и исечкајте ја тиквата на помали парчиња. Ставете ги парчињата тиква заедно со останатите состојки во MultiFresh™ бокалот за готвење и блендирање, дотурете вода (внимавајте да не го надмине максималното ниво). Одберете ја HB (heat and blend) опцијата и вклучете го апаратот. И тоа е тоа! Имате вкусна бебешка храна за многу кратко време.

2.Крекери со пире од јаболка и брокула

  • 2 шолји брокула
  • 1 зелено јаболко
  • 1 шолја грашок
  • 1 лажичка маслиново масло
  • Неутрални, меки крекери
  • Сирење кое може да се размачкува
  • Малку вода

Ставете ги брокулата, јаболкото, маслиновото масло и грашокот во MultiFresh™ бокалот за готвење и блендирање (поради поголемиот капацитет на истиот) и додадете вода. Кликнете ја B (blend) опцијата и вклучете го апаратот. На крајот само додадете го сирењето врз крекерите, а врз сево ова додадете една лажичка од пирето кое го подготвивте. Вашите деца ќе го обожуваат (а и вие).  

3.Плескавици од компир и зеленчук

  • 2 компири
  • 2 моркови
  • 1 шолја грашок
  • 1 шолја спанаќ
  • Мелено ленено семе

Сварете ги компирите и морковите во еден ист лонец. Потопете го спанаќот во врела вода и оставете го 10 мин. Откако се` е зовриено, испасирајте ги рачно компирите со зелените зеленчуци и морковот (изладен на собна температура) во MultiFresh™ бокалот за готвење и блендирање и одберете ја B (blend) опцијата. Додадете ја смесата во пасираните компири заедно со семето од лен и направете хомогена смеса. Формирајте помали плескавици и ставете ги на хартија за печење. Се печат во веќе загреана рерна на  180°C околу 15 минути.

#детскиоброци #лесноготвење  #delimano