Wellneo Shiatsu Swing Масажер за грб и рамена
- Кратко инфо
- Детали за производот
- Кратко инфо
-
Олеснете ја болката и уморот во грбот со Wellneo® Shiatsu Swing Масажерот за грб и рамена. Благодарение на новите опции за масажа, тој може да опфати поголем дел од грбот и со флексбилните глави за масажа да ја следи линијата на 'рбетот. Нема потреба да ги прескокнувате рамената, овој масажер е доволно висок за да уживате во масажа на цел грб. Уживајте во шиатсу масажа, масажа со ролери, вибрации и терапија со загревање!Дознајте повеќе
- Детали за производот
-
Ресетирајте го умот и телото со релаксирачка масажа
По долг ден на работа, сите треба да одвоиме момент да се опуштиме и релаксираме. Прескокнувањето на овој важен чекор, неизбежно води до зголемена тензија, иритација, дури и болки во мускулите. Затоа, ресетирајте го телото и умот со релаксирачка масажа.
Нема потреба да го напуштате домот - Wellneo® Shiatsu Swing Масажер за грб и рамена е одличен терапевт кој ќе направи магија на вашиот грб и ќе ве ослободи од напнатоста и уморот во мускулите.
Прецизна масажа во вашиот дом
Wellneo® Shiatsu Swing Масажерот за грб и рамена опфаќа поголем дел од грбот, поради што особено е добар за лица кои имаат проблеми со лумбалниот дел. Дополнително:
- Има прилагодливи и флексибилни глави за масажа кои совршено одговараат на S-линијата на 'рбетот.
- Нема потреба да ги прескокнувате рамената - за разлика од повеќето масажери, овој е доволно висок за да ве измасира од опашката до вратот.
- Нуди прецизна масажа, па лесно ќе ги погоди сите места.
Како функционира?
Wellneo® Shiatsu Swing Масажерот за грб и рамена нуди длабинска масажа за целото тело со 3 автоматски програми за масажа. Дополнително, има терапија со загревање со цел да се зголеми ефектот од масажата.
-
Shiatsu swing масажа
-
Масажа со ролери
-
Вибрациска масажа
-
Терапија со загревање
Најдобриот 4во1 масажер за грб
Единствениот терапевт за масажи кој ќе ви биде потребен
Wellneo® Shiatsu Swing Масажерот за грб и рамена покрива 4 зони за масажа:
- долен дел на грбот,
- горен дел на грбот,
- цел грб,
- задник и бутови.
Пробајте и ја масажата на едно место, опција која се прилагодува и се фокусира на одредено место на грбот.
Интензивна длабинска масажа за целиот грб и рамена
Брзо темпо на живот и постојан притисок за резултати? Во Wellneo, разбираме низ што поминувате. Со обезбедување на длабинска масажа на ткивото на целиот грб, Wellneo® Shiatsu Swing Масажерот за грб и рамена ќе ви овозможи да бидете опуштени, полни со енергија и подготвени да се справите со сите предизвици. Неговите 4 флексибилни шиатсу глави за масажа работат напорно, додека вие се опуштате. Затворете ги очите и почувствувајте ја тензијата и непријатноста во мускулите како си заминуваат.
- Имате потреба од повеќе? Прилагодете го интензитетот со далечинскиот управувач.
Без стрес било каде
Друга фантастична карактеристика на овој масажер е тоа што тој е практичен за носење. Ако имате еден од тие денови кога сѐ ви е стресно? Вклучете го масажерот и оставете го да ја направи својата магија.
Без разлика дали сте дома, гледате телевизија или се опуштате на друг начин, масажерот лесно се мести и лесно се пакува.